Резултати од Вториот повик во рамки на Фондот за техничка документација
October 31, 2024
Почитувани баратели,
Ве известуваме дека заврши постапката за евалуација на барањата за финансирање на изработка на проектна документација за инфраструктурни проекти организирана во рамките на Вториот повик во рамки на Фондот за техничка документација кој е дел од Проектот “Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти (BMCPI–фаза 2)”.
Евалуацијата ја изврши тричлена Комисија со поддршка на експерти од областа на Повикот за проектна документација.
Во рамките на предвидениот рок (10.05.2024 до 17.06.2024) беа поднесени барања од страна на вкупно 53 општини и 3 центри за регионален развој, или вкупно 48 апликации. Од поднесените апликации, сите 48 барања/апликации ги исполнија административните (елиминациски) критериуми, и истите понатаму беа евалуирани согласно насоките за барателите (Согласно Анекс 2: Критериуми за еваулација на барањата за грант, од Проектниот повик).
Од сите евалуирани 48 барања, 46 освоија 60 или повеќе бодови и се квалификуваа за добивање финансиски средства во рамките на овој Втор повик. Останатите 2 апликации не го освоија минималниот потребен број на поени. За еден предлог проект да се квалификува за добивање финансиски средства, потребно беше да освои најмалку 60 поени.
Од 46-те квалификувани барања, како и поаѓајќи од достапните финансиски средства, 11 највисоко рангирани, поточно со најмногу освоени бодови (8 барања за мали грантови – до 20 000 УСД и 3 барања за големи грантови до 50 000 УСД), се избрани како приоритетни за финансирање, додека пак вкупно 6 барања се на резервна листа. Проектите од резервната листа ќе се финансираат во согласност со рангирањето и достапните финансиски средства (до исцрпувањето на вкупниот расположлив буџет). Достапните средства за проектите од резервната листа, ќе бидат познати по завршувањето на тендерските процедури за избор на проектанти и ревиденти за прворангираните 11.
Вториот повик во рамки на Фондот за техничка документација е спроведен од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Бирото за регионален развој, во рамки на проектот „ Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти (BMCPI–фаза 2) финансиран од Шведска и Бирото за регионален развој.
Проектот е дел од Рамковната програма на УНДП, којашто е финансирана од Шведска, а го вклучува и проектот „Справување со загадувањето на воздухот.“
Кликнете овде за табела со резултатите од евалуацијата.